Утрински Весник
Свет

Погодена станбена зграда во близина на Одеса: Најмалку 17 загинати и 30 повредени

Украинските сили соопштија дека руски проектил погодил деветкатна станбена зграда и одморалиште во близина на украинското црноморско пристаниште Одеса, при што загинале најмалку 17 луѓе, а десетици се ранети.

Министерството за вонредни ситуации соопшти дека околу еден час по полноќ проектил погодил зграда во градот Билгород-Дњестровски и дека, според досегашните информации, се ранети 30 лица, пренесува „Ројтерс“.

Портпаролот на регионалната администрација на Одеса, Серхи Брачук, изјави за украинската државна телевизија дека е во тек операција за спасување, бидејќи некои луѓе останале затрупани под урнатините.

„ Друга ракета го погоди одморалиштето при што загинаа најмалку три лица, меѓу кои и едно дете, а беа повредени повеќе луѓе, рече Брачук.

Можете да прочитате

Бројот на загинатите во земјотресите во Венецуела надмина 3.500

Бројот загинати во рускиот напад врз Киев се искачи на 18, кон Москва лансирани 430 украински дронови

На Куба почна обнова во снабдувањето со струја по колапсот на електроенергетската мрежа