Утрински Весник
Македонија

(Видео) Мицкоски: Блиски соработници на Османи тајно преговараат за македонскиот идентитет во Софија

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Секогаш кога ќе се преговара позади завесата и надвор од очите на јавноста Македонија губи. Секогаш, буквално секогаш тоа се случува, така и овој пат, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

Според информациите на Мицкоски двајца блиски соработници на Бујар Османи, Агнеса Руси и Методија Белевски изминатите денови биле во Софија, дополнително ја повика јавноста и медиумите да постават прашање до министерот и неговите соработници за нивното присуство и преговарање во Софија.

„ Ниту едниот ниту другиот имаат стратегија пред себе, ниту едниот ниту другиот имаат приоритет да го заштитат македонскиот национален интерес, да го заштитат интересот на македонските граѓани и пред се на Mакедонците, бидејќи во случајот овие тајни разговори се водат за идентитетот на Mакедонците и тоа е многу важно и треба да се спомене затоа што тука се зборува за македонски јазик, за македонско културно наследство, за македонска историја, за значајни личности од македонската историја тоа е во всушност идентитетот на Mакедонецот.

Еве поставете го ова прашање дали овие две лица во изминатиот период повторно беа присутни во Софија, без притоа да им даде никој мандат и преговараа за таканаречениот протокол да биде дел од преговарачката рамка“ рече Мицкоски.

Можете да прочитате

СДСМ поднесува уште една, нова претставка до ЗНМ за Героски

Мајка на загинато момче во „Пулс“: Не верував дека Андреј е мртов, немаше никави изгореници

СДСМ: Свиркач открива нови детали за тендерот во Пошта: Како се пумпаат 300.000 евра годишно!