Утрински Весник
Свет

Првиот брод со жито го напушти пристаништето во Берџанск

Брод со 7.000 тони жито наменет исплови од украинското пристаниште во Берџанск, моментално контролирано од руските сили.

„ По неколку месеци неактивност, првиот трговски брод го напушти трговското пристаниште Бердјанск“ изјави шефот на воено-граѓанската управа на регионот Запорожје, Евгениј Балицки.

„ Седум илјади тони жито отидоа во пријателските земји“, напиша тој на својот канал Телеграм.

Балицки прецизираше дека бродовите на Црноморската флота ја обезбедуваат безбедноста на товарниот брод. Според него, Бердјанскиот залив и самото пристаниште се целосно безбедни, а пристанишните работници и опремата се подготвени да го истоварање на товарот.

Областа на пристаништето беше исчистена од инженерски единици на поморската база Новоросијск.

Можете да прочитате

Руски дипломат: Москва би можела да склучи договор за ненапаѓање со земјите членки на НАТО

Рекордна невработеност на високообразованите во Германија

Кушнер ја повика Европа да именува еден претставник за преговорите со Русија