Утрински Весник
Спорт

Кирјос по „војната“ со публиката на Вимблдон со драматична победа во пет сета

Ник Кирјос ја нервираше домашната публика повеќе од три часа на Вимблдон, пред да стигне до 3:6/6:1/7:5/7:6(3)/7:5 победа над Британецот Пол Џаб, кој дебитираше на гренд слемот со вајлд-карта.

Лошиот почеток на мечот, очигледно влијаеше лошо на контроверзниот Австралиец, кој прво влезе во расправија со една линиска судијка, нарекувајќи ја „предавник“, по што на свирежите од публиката реагираше со барање до судијката на столче, Хрватката Марија Чичак да нареди исфрлање на дел од навивачите на Џаб, велејќи: „Јас не им пречам кога тие седат во ред во супермаркет“.

На крајот, по победата, Кирјос направи уште една провокација, плукајќи кон навивачите на британскиот ривал.

> Кирјос по „војната“ со публиката на Вимблдон со драматична победа во пет сета <

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026