Утрински Весник
Македонија

Регистрирани се 180 нови ковид позитивни – нема починати

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 24.06 до 26.06.2022) направени се 2.880 тестови, а регистрирани се 180 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 118, Охрид – 12, Кавадарци – 8, Тетово – 6, Битола и Струмица – по 5, Штип и Неготино – по 4, Прилеп и Кочани – по 3, Куманово, Велес, Гостивар и Кичево – по 2, Струга, Ресен, Радовиш и Делчево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (180), регистрирани се 29 реинфекции.

Регистрирани сe 153 оздравени пациенти од: Скопје – 70, Куманово – 20, Битола – 9, Охрид – 7, Велес – 6, Струмица, Штип и Дојран – по 5, Прилеп – 4, Струга, Свети Николе и Македонски Брод – по 3, Гостивар, Кичево и Ресен – по 2, Кавадарци, Тетово, Кочани, Виница, Кратово, Крушево и Демир Капија – по 1.

Во текот на изминатите 3 дена (од 24 до 26.06.2022) не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.078.512 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.540, бројот на оздравени пациенти е 303.648, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 570.

Можете да прочитате

Лишен од слобода српски државјанин, двапати летово возел со повеќе од двојно над дозволената брзина

Лишени од слобода три лица во Гостивар, пронајдена марихуана

На ГП Табановце и ГП Блаце за излез од државата се чека до еден час