Утрински Весник
Свет

Северна Кореја ги обвини САД дека создаваат НАТО во Азија

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Северна Кореја ги обвини САД за создавање воен сојуз во Азија, по примерот на НАТО и истакна дека Пјонгјанг е принуден да ја развива одбраната поради целта на Вашингтон да ја смени власта во оваа земја.

Критиките беа упатени во време кога се стравува дека Северна Кореја се подготвува за првата нуклеарна проба по пет години, откако лидерите на Јужна Кореја и САД неодамна потпишаа договор за распоредување дополнително американско оружје доколку е потребно за да се одврати Северна Кореја.

„ САД отворено одржуваат воени вежби со Јапонија и Јужна Кореја и преземаат сеопфатни чекори кон воспоставување на сојуз во стилот на НАТО во Азија“, соопшти севернокорејското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се повторува дека ваквите вежби претставуваат подготовки за војна против Северна Кореја.

„ Ова укажува на лицемерието на американската реторика за „дипломатски ангажман“ и „дијалог без предуслови, а во исто време открива дека нема промена во амбициите на САД да го соборат нашиот систем со сила“, се додава во соопштението.

Министерството не ја спомена конкретно нуклеарната или ракетната програма, но наведе дека Пјонгјанг е принуден да ја развие својата одбрана.

Можете да прочитате

Повеќе од 200 цивили убиени во етнички напади на РСФ во регионот Дарфур

Приведени 40 лица поради непријавен огномет во близина на Ајфеловата кула

Украина ноќеска соборила 30 дрона, Русија неутрализирала 25, запалена е рафинерија во Самарскиот регион