Утрински Весник
Магазин

Имав девет спонтани абортуси пред да ги посвојам синовите

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Глумицата Шерон Стоун преку социјалните мрежи првпат откри дека имала девет спонтани абортуси. Таа вели дека решила да ги посвои кога сфатила дека нема да може самата да роди дете.

„Ние како жени немаме форум за да разговараме за длабочината на оваа загуба. Изгубив девет деца поради спонтан абортус. Тоа не е мала работа, ниту физички ниту емотивно. Сепак, прават да се чувствуваме како тоа да е нешто што треба да го поднесеме сами и тајно со некакво чувство на неуспех наместо да ги добиеме толку потребните сочувство, емпатија и исцелување што ни требаат“, напиша глумицата.

Стоун (64) има три посвоени сина, Роан, Лирд и Квин, за кои често знае да каже дека се нејзиното најголемо богатство.

Признанието на глумицата дојде откога американската танчарка Пети Мургатројд објави дека го загубила бебето кога нејзиниот сопруг бил во Украина.

„Не знаев дека сум бремена. Крвавев два дена. Мислев дека имам менструација“, рече тогаш Мургатројд во интервју за магазинот „Пипл“.

Можете да прочитате

Италија го казни Apple со скоро 100 милиони евра

Домашните миленици го подобруваат менталното здравје на сопствениците

Поларните мечки генетски се прилагодуват на потоплата клима