Утрински Весник
Свет

Бајден го потпиша законот за контрола на оружјето: „Ќе се спасат многу животи“

Американскиот претседател, Џо Бајден, во саботата го потпиша првиот голем федерален закон за контрола на оружјето донесен по децении.

Усвојувањето на споменатиот закон означува значаен билатерален пробив во едно од најконтроверзните политички прашања во Вашингтон.

„Со Господ напред, тоа ќе спаси многу животи“, рече Бајден во Белата куќа кога го заврши потпишувањето на законот.

Законот дојде по неодамнешните масовни пукотници во основното училиште во Увалде, Тексас и супермаркет во Бафало, Њујорк. Двопартиска група преговарачи започна со работа во Сенатот и во вторникот го претстави законодавниот текст. Нацрт-законот го објавија републиканските сенатори Џон Корнин од Тексас и Том Тилис од Северна Каролина и демократскиот сенатор Крис Марфи од Конектикат и Кирстен Кинема од Аризона.

Домот го усвои законот во петокот со 234 наспроти 193, вклучително и 14 републиканци кои гласаа заедно со демократите. Сенатот го усвои законот на гласање доцна во четвртокот вечерта.

Во своето обраќање денес, претседателот Бајден најави дека ќе биде домаќин на членовите на Конгресот кои го поддржаа значајниот закон за контрола на оружјето на настанот во Белата куќа на 11 јули, по неговото враќање од Европа, за да го прослави новиот закон со семејствата на жртвите на насилство.

„Иако овој закон не прави сè што сакам, тој вклучува дејствија на кои повикувам долго време и кои ќе спасат животи“, рече Бајден.

Бајден додаде: Ако можеме да направиме компромис за оружјето, би требало да можеме да правиме компромиси за други критични прашања, од здравствената заштита на ветераните до најновите американски иновации и многу повеќе. Знам дека има уште многу работа и никогаш нема да се откажам. но ова е монументален ден.

Можете да прочитате

Израелската војска принуди 1.200 Палестинци да ги напуштат домовите во Хеброн

Во судир на два воени авиони за време на тренинг лет на Филипините загинаа четири пилоти

Протести во Чешка поради промени во финансирањето на медиумите, демонстранти се обидоа да влезат во Парламентот