Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Одиме во Брисел за да ја потврдиме позицијата за европска иднина

Со албaнскиот премиер Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ денес донесовме одлука, уште еднаш да ја потврдиме позицијата дека Северна Македонија, Албанија и Србија имаат европска иднина, објави на социјалните мрежи премиерот, Димитар Ковачевски.

„Решивме дека треба, пред земјите пријатели, кои се посветени на напредокот на регионот на економски и политички план и кои се залагаат за брзи и одлучни евроинтеграциски процеси, да ги повториме нашите заложби за европскиот пат на целиот Западен Балкан“, се посочува во неговата објава.

Тој нагласува дека доколку не се обезбеди прогрес на процесот на евроинтеграции, тоа ќе е сериозен проблем и удар врз кредибилитетот на ЕУ на Балканот.

„Нашите ставови на оваа тема ќе ги пренесеме заеднички, на самитот на ЕУ за Западен Балкан, во широк форум, во центарот на европската дипломатија“, нагласува премиерот.

Одлуката на „Твитер“ ја потврди и албанскиот премиер, Еди Рама.

Ковачевски, Вучиќ, Рама и нивните колеги од другите земји од Западен Балкан се повикани во Брисел на средба со челниците од ЕУ, што треба да се одржи в четврток, пред јунскиот самит на Европскиот совет на кој ќе се разговара за проширувањето на Унијата.

Можете да прочитате

Поднесено обвинение против директорот на „Геријатрија“ за примање поткуп од 20.000 евра

Со дополнителни даноци за немажени и неженети и со читанки каде пишува „Јас, мама, тато, дада и бато“ Мицкоски ќе се справува со демографската криза

Костадинов: Нов парк во Струмица од 43.000 м2