Утрински Весник
Спорт

Ред бул го суспендираа својот тест-возач за користење на расистички израз во „Кол оф дјути“

Ред бул рејсинг потврдија дека го суспендирале тест-возач и член на нивниот јуниорски тим, Естонецот Јури Випс, откако тој користел расистички израз при играње на .-играта „Кол оф дјути“.

21-годишниот Випс играл со својот колега од Формула 2 тимот на Ред бул, Лајам Лосон во игра која била пренесувана преку „Твич“, кога искористил израз „bitch nigg.r“.

„Ред бул рејсинг го суспендираат јуниорскиот возач Јури Випс од сите обврски со тимот додека трае истрагата. Ние имаме нула толеранција при користење на расистички изрази во нашата организација“, се вели во објавата на Ред бул.

Випс го возеше Формула 1 болидот на Ред бул првпат во кариерата на првиот тренинг пред Шпанското ГП минтиот викенд, а имаше и тест-сесии во 2020 и 2021. Тој е шампион од германскиот Формула 4 шампионат во 2017, а последните две сезони се трка во Формула 2 шампионатот.

> Ред бул го суспендираа својот тест-возач за користење на расистички израз во „Кол оф дјути“ <

Можете да прочитате

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026

Драма до крај: Босна ја шокира Италија, Чешка ја елиминира Данска

Македонија без голови во Даблин – нападот повторно разочара