Утрински Весник
Култура

Отворање на Скопско Лето со концерт под диригентската палка на Тимоти Редмонд

Oвогодинешното 43. издание на манифестацијата „Скопско лето“ 2022 свечено ќе се отвори со концерт на „Европскиот Креативен Оркестар при Институтот ФАМЕС“ под диригентската палка на Тимоти Редмонд на првиот ден на летото и светскиот ден на музиката, вечерва (21. јуни) во салонот на Национална опера и балет со почеток во 20:30 часот.

Тимоти Редмонд е британски диригент кој работи на опери и концерти низ Европа и во САД. Тој е професор по диригирање на Факултетот за музика и драма Гилдхол, редовен гостин диригент во Лондонските симфониски и кралските филхармониски оркестри и диригент и ко-креатор на серијата концерти My Great Orchestral Adventure во Ројал Алберт Хол.

Познат е како диригент на современа музика, а соработува со светски музички имиња како Томас Адес.

Оркестарот е составен од млади талентирани музичари од цела Европа кои престојуваат во Македонија како дел од Европскиот Оркестарски Програм за млади талентирани музичари имплементиран од ФАМЕС Институт, кои заедно со целиот тим на уметници, диригенти и професионални музичари работат на своите интерпретациски вештини, преку мастер часови, тренинзи и перформанси во живо.

Настанот е во соработка со Амбасада на Франција, Француски Институт во Скопје и проект ФАМЕ’С.

Билетите се во продажба по цена од 300 денари со резервација на телефонскиот број 3222 341 во работно време од 10-15 часот.

Текстот Отворање на Скопско Лето со концерт под диригентската палка на Тимоти Редмонд е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“