Утрински Весник
Свет

Украина уапси двајца функционери за шпионажа во корист на Русите

Украина уапси висок владин функционер и еден, како што е наведено, бизнис-лидер, кој е осомничен дека е дел од наводната руска шпионска мрежа, соопшти денеска Украинската служба за безбедност (СБУ).

Безбедносната служба не ги именуваше двајцата осомничени, но ги идентификува како висок функционер во Секретаријатот на Кабинетот на министрите и шеф на одделот во Стопанската комора, пренесува „Ројтерс“.

Според соопштението објавено на апликацијата „Телеграм“, СБУ извршила специјална операција во неколку фази со цел да го неутрализира наводниот шпионски синџир.

„Како резултат на тоа, во Киев се приведени шефот на одделот на Секретаријатот на Кабинетот на министрите и шефот на една од дирекциите на Трговско-индустриската комора“, се наведува во соопштението на СБУ.

Можете да прочитате

Путин: Киевскиот режим ја отвори Пандорината кутија, ќе добие одговор

САД и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, канадскиот премиер најави контра царини за Вашингтон

Макрон најави засилена воена поддршка за Украина по рускиот напад врз Кривиј Рог