Утрински Весник
Македонија

(Видео) Николоски од Стразбур: Македонија да почне преговори со ЕУ достоинствено, како Македонци со македонски јазик

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во следните два дена во рамки на Советот на Европа ќе има бројни средби во кои, како што најави, ќе разговара со бројни пратеници од сите европски држави за интересот и за потребата на Македонија да почне преговори за членство со ЕУ на достоинствен начин.

„ Македонците да почнат преговори за членство со ЕУ како Македонци. Македонскиот јазик да биде признаен како македонски јазик, односно да се отфрлат тешките барања кои што ги поставува Бугарија и која што става вето на почетокот на преговори на Македонија со ЕУ.

Она што го гледам изминативе денови е целосен дебакл на македонската дипломатија. Затоа што дозволија еден документ кој што е во целосно спротивно на македонските национални интереси веќе да циркулира во европските главни градови и за него да се разговара. Тоа е катастрофален документ. Тоа е документ кој што значи поништување на Македонија, и на македонскиот народ и на македонскиот јазик. Останува нејасно зошто има целосен молк од страна на Владата, премиерот Ковачевски, и министерот Османи. Единствениот логичен одговор е затоа што на тоа се согласиле“ изјави Николоски.

Тој повика да се отфрли тој документ и рече дека јасно кажуваат од Стразбур дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати ниеден документ кој што задира во македонскиот јазик, македонскиот народ и македонската самобитност. Ние можеме да стигнеме до европските вредности на правилен начин, а не со понижување и со уцени, порача тој.

Можете да прочитате

Две мали деца се затруле со хемикалија во кумановско, пренесени на Детска клиника

„Макпетрол“ сè уште нема добиено официјално известување за намалување на набавната цена од добавувачот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го остави ЕСМ со загуба од 140 милиони евра, а сега глумат загриженост за струјата