Утрински Весник
Свет

Напад во трговски центар во Шведска, има повредени

Најмалку две лица се избодени со остар предмет во напад во трговски центар во шведскиот град Вастерас. Според локалните медиуми, повредените итно се пренесени во болница.

Едно лице се здобило со тешки телесни повреди.

Според првите информации, напаѓачот имал остар предмет со кој ги избодел жртвите.

„ Постои страв дека има повеќе повредени“ соопшти полицијата и наведе дека е приведено едно лице.

Можете да прочитате

Преговорите меѓу САД и Русија за Украина се проширија и вклучуваат договор за нафта вреден повеќе милијарди долари

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз руските рафинерии за нафта

Во Мадрид 70.000 луѓе протестираа поради кризата со домувањето, во Валенсија демонстрантите се судрија со полицијата