Утрински Весник
Свет

Песков: Двајцата заробени Американци ќе одговараат за злосторствата што ги направија

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Русите заробија двајца Американци во Украина, ги „загрозувале“ руските војници и би требало да бидат „одговорни за тие злосторства“.

Ова го изјави портпаролот на Кремљ – Дмитриј Песков во интервју за „Ен-би-си њуз“.

Официјален Кремљ првпат ги коментираше случаите на Александер Друке и Енди Хујнх – американски воени ветерани, наведува „Ен-би-си“.

„Тие се платеници и беа вклучени во нелегални активности на територијата на Украина. Учествуваа при пукање и гранатирање на нашиот воен персонал. Ги загрозија нивните животи. Би требало да одговараат за тие злосторства што ги извршија. Тие злосторства мора да се истражат“ – вели Песков.

Кога доби прашање какви злосторства извршиле, тој признал дека нивните конкретни дела сè уште не се познати, но според неговите зборови, нема да бидат опфатени со Женевските конвенции за постапување со воени заробеници.

„Тие не се во украинската војска, па не подлежат на Женевските конвенции“ – одговори Песков.

Можете да прочитате

Руте: ЕУ не треба да се одвои од САД во однос на одбраната

ЕУ ќе мора амбициозно да работи на проширувањето во 2026, ако сака прием на нови членки според планираното

Во Русија разбиена мрежа на печатници кои фалсификувале пасоши и други документи