Утрински Весник
Свет

Јапонска авиокомпанија го менува логото, не сака да ја поврзуваат со руската инвазија

Dik 300x250 mk

Компанијата Zipair, нискобуџетна подружница на Japan Airlines, објави дека во текот на јуни ќе ја отстрани буквата „Z“ од опашите на своите авиони и ќе ја замени со геометриска шема со цел да се отстрани секоја сличност која би можела да се поврзе со руската инвазија на Украина, пишува Си-ен-ен.

Тие првично планираа со редизајн на логото да го одбележат олеснувањето на мерките против пандемијата, со решение претставено на конференција на која беше најавена нова линија на авиокомпанијата од Токио до Сан Хозе, Калифорнија.

Шинго Нишида, претседател на Zipair, на прес-конференција откри дека повеќе клиенти веќе стапиле во контакт со авиокомпанијата и изразиле загриженост поради старото лого, кое се користи од 2018 година.

Русија при инвазијата на Украина го користи симболот „Z“ кој е испишан на тенковите и униформите на вооружените сили. Симболот го користат и поддржувачите на политиките на Кремљ.

Можете да прочитате

Американската армија до своите војници во Германија: Побарајте помош од народните кујни

Каков имот има новиот градоначалник на Њујорк и колку ќе заработува?

Три жени уапсени за планирање терористички напад во Париз