Утрински Весник
Свет

(Видео) Саудиска Арабија забрани играчки и облека со боja на виножитото

Властите во Саудиска Арабија заплениле играчки и детска облека во боја на виножито, тврдејќи дека ја поттикнува хомосексуалноста, пренесе државната телевизија Ал-Ехбариј.

Претставници на Министерството за трговија отстраниле голем број артикли од продавниците во главниот град Ријад. Тука спаѓаат штипки за коса, капи, футроли за моливи итн. Еден функционер рекол дека предметите во боја на виножито се спротивни на исламската вера и морал и дека промовираат хомосексуалност насочена кон помладата генерација, пишува Би-Би-Си.

„ Нашите тимови запленуваат производи со симболи и знаци кои се во спротивност со здравиот разум“, соопшти на Твитер Министерството за трговија. Оттаму додаваат дека продавниците, кои се решени да продаваат артикли со бои на виножитото, ќе се соочат со законски казни.

Властите во соседен Катар заплениле коцки и други играчки во боја на виножитото во декември, бидејќи, како што велат, носеле пароли кои се спротивставуваат на исламските вредности.

Иако во Саудиска Арабија не постои закон за сексуална ориентација или родов идентитет, хомосексуалниот однос е строго забранет.

Според толкувањето на исламскиот закон во Саудиска Арабија, консензуалното истополово сексуално однесување се казнува со смрт или камшикување, во зависност од тежината на случајот. Исто така, незаконски е мажите „да се однесуваат како жени“ или да носат женска облека. Обратно важи и за жените.

Можете да прочитате

„Ако мојата ќерка забремени од силување, треба да го роди детето“ – скандалозен став на починатиот Чарли Кирк по однос на прашањето за абортус

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк

Трамп постхумно ќе го одликува Кирк со Претседателски медал на слободата