Утрински Весник
Економија

Поради зголемените трошоци за живот, населението во Белгија излезе на улиците

Населението во Белгија денеска излезе на улиците за да го покаже своето незадоволство од трошоците за живот. Поради демонстрациите бриселскиот аеродром беше принуден да ги откаже сите полетувања во понеделникот, а многу автобуски линии низ земјата беа суспендирани, пренесуваат тамошните медиуми.

Синдикатите во соопштението наведуваат дека очекуваат десетици илјади луѓе да присуствуваат на демонстрациите во Брисел. Железничкиот транспорт работи делумно за да им овозможи на демонстрантите да дојдат во Брисел, објавуваат агенциите.

Во анализите е наведено дека инфлацијата во Белгија достигна 9 отсто во јуни, што го одразува наглото зголемување на трошоците за живот, најмногу поради тоа што руската инвазија на Украина ги погоди синџирите за снабдување со жито и предизвика пораст на цените на енергијата.

Белгискиот премиер Александар Де Кро изјавил дека белгиските работници се подобро заштитени од нивните колеги во повеќето други земји од Европската Унија, бидејќи платите се индексирани според инфлацијата.

Тој за јавната телевизија РТБФ изјавил дека владата ги продолжила мерките за намалување на даноците на продажбата на гас, електрична енергија и гориво до крајот на годината.

Можете да прочитате

СДСМ: Граѓаните немаат пари и едвај врзвуваат крај со крај

Седница на Советот на НБРМ: Стабилна макроекономска состојба и потреба од внимателно следење на светските ризици

Мицкоски: Историски рекорд во капиталните инвестиции – над 30% реализација во првиот квартал