Утрински Весник
Македонија

Сончево време со услови за краткотраен пороен дожд во југоисточните делови

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со услови за краткотраен пороен дожд во југоисточните делови попладне.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 31 степени, информираат од УХМР.

Во наредните денови следува период на постабилно време. Ќе преовладува сончево со повремено зголемување на облачноста и со постепен пораст на дневните температури. Услови за појава на краткотраен пороен дожд понекаде и со грмежи ќе има утре на крајниот југоисток, но и во вторник кога преку денот ќе дува и засилен северозападен ветер.

Можете да прочитате

Скопјанец пукал од сигнален пиштол, полицијата го уапси

Ужас во Ченто: 15-годишно момче влегло со нож во училиште и прободело врсник

Димитријевиќ: На Мицкоски му одговара да ја држи државата изолирана, за да продолжи да го краде народот