Утрински Весник
Свет

Борис Џонсон ненадејно се појави во Киев: „На Украина ѝ нудиме голема операција“

Dik 300x250 mk

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ненадејно го посети Киев, каде се сретна со украинскиот претседател, Володимир Зеленски. Ова е втора посета на Џонсон на Киев од почетокот на руската инвазија на Украина кон крајот на февруари.

„Велика Британија понуди да започне голема операција за обука на украинските вооружени сили, со потенцијал за обука на илјадници војници“, соопшти кабинетот на Џонсон.

Џонсон денеска требаше да учествува на голем самит во Донкастер, но во последен момент откажа и замина во Киев.

Тој попладнево требаше да одржи говор пред конзервативните пратеници, советниците и бизнис лидерите во Донкастер.

Според „Скај њуз“, Џонсон во април бил прв лидер на земја-членка на Г7 кој го посетил Киев.

Украинското Министерство за одбрана тогаш објави: „Сакаме да му посакаме добредојде на Борис Џонсон во Киев. Бидете храбри како Борис. Бидете храбри како Украина“.

Можете да прочитате

Зеленски ја обвини Кина: Испорачуваат машини за руско производство на оружје и помагаат во заобиколување на санкциите

Француската Влада е против воведување данок на богатство

Русија распоредува резервисти за заштита на стратешки објекти од украински дронови