Утрински Весник
Свет

Прва реакција на Москва за кандидатурата на Украина: Одлуката на Европската комисија бара зголемено внимание

Одлуката на Европската комисија да и даде одобрение на Украина за статус на кандидат за Европската унија бара зголемено внимание од Москва, изјави прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков, пренесува РИА Новости.

Песков, исто така, рече дека би било одлично ако европските лидери влијаат врз раководството на Украина и ги охрабруваат трезвено да гледаат на ситуацијата.

– Би било одлично ако европските лидери би влијаеле врз раководството на Украина, оние кои таму носат одлуки, да ги охрабрат трезвено да гледаат на ситуацијата. И покрај тоа што, секако, се членови на една машина, членови на колективниот Запад, сепак ја разбираат потребата од продолжување на дијалогот, изјави Песков за „Известија“.

Можете да прочитате

ЕУ до Израел: Запрете ја офанзивата во Газа, се подготвуваат нови санкции

Путин дојде во униформа на големата воена вежба на источната граница на НАТО

Трамп: Голем проблем е што земјите од ЕУ и НАТО купуваат руска нафта