Утрински Весник
Свет

Бајден: Рецесијата во САД не е неизбежна, има причини за оптимизам

„Рецесијата во САД не е неизбежна и има причини за оптимизам“. Ова е ставот на американскиот претседател – Џо Бајден.

Според американскиот претседател, народот во САД е „многу, многу депресивен“ по две бурни години со пандемијата од Ковид-19, економската нестабилност и најновиот раст на цените на горивото што го погодува буџетот на семејствата.

Бајден тврди дека потребата за менталното здравје во САД е огромна, бидејќи сè на што луѓето сметаа – се наруши и пропадна. За најголем дел последица е кризата со Ковид-19, смета тој.

Можете да прочитате

Осмоодделенец со нож уби наставничка, повредени уште две лица

Стапи во сила забраната на САД за увоз од Канада во вредност од една милијарда долари

Иран се закани со напади врз енергетската инфраструктура по говор на Трамп