Утрински Весник
Магазин

Дали е ова навистина најубавата жена на светот?

Романската манекенка и актерка Мадалина Генеа е нова светска ѕвезда и Инстаграм лудува по неа.

Откако се појави на Канскиот филмски фестивал минатиот месец, медиумите ја обожаваат, а повеќе од милион следачи на Инстаграм ѝ пишуваат дека во моментов таа е најубавата жена на светот.

Корисниците на социјалните мрежи беа особено импресионирани од нејзините фотографии без шминка, а Мадалина постојано прави нови фoтосесии и модни кампањи.

34-годишната Романка успешно зачекори во филмските води со улогата на Софија Лорен во филмот House of Gucci, а поради нејзиниот изглед многумина ја споредуваат со славната актерска легенда.

Некои сметаат дека е поубава од Софија Лорен. На Инстаграм ја следат повеќе од милион луѓе, а на нејзината убавина не одолеале ниту познатите момци како Џерард Батлер, Мајкл Фасбендер и Леонардо ди Каприо, со кои била во врска.

Можете да прочитате

„Погледнав во смртта и се вратив“ – потресна исповед на патникот кој висел надвор од авион на „Рајанер“ над Македонија

НЛБ Банка со глобално признание од Euromoney Awards for Excellence 2026

Експертите предупредуваат на драматичен пораст на онлајн експлоатацијата на деца