Утрински Весник
Македонија

Пендаровски на средба со полскиот министер Рау: Двете земји како членки на НАТО даваат придонес за безбедноста

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот Стево Пендаровски денеска во вила Билјана во Охрид го прими министерот за надворешни работи на Полска и претседавач со ОБСЕ, Збигњев Рау.

Како што информираат од кабинетот на претседателот, на средбата биле разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Полска, при што било констатирано дека истите бележат позитивен развој, со цврста основа за натамошно унапредување на досегашната одлична соработка.

„Пендаровски истакна дека Полска е искрен и принципиелен поддржувач на македонските европски интеграции и изрази очекување поддршката да продолжи и во иднина. Двете држави, како членки на НАТО, даваат свој придонес за безбедноста и стабилноста на евро-атлантскиот простор“, се посочува во соопштението за средбата.

Пендаровски и Рау разговарале и за актуелните состојби во контекст на руската инвазија врз Украина, а станало збор и за тековните активности на полското претседателство со ОБСЕ, како и за подготовките на претседателството на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година.

Можете да прочитате

Тошковски: ,,Безбеден град” ќе има отстапки како кај полициските радари

Магла на повеќе патни правци

МВР со засилување – 120 млади полицајци започнуваат со работа во Скопје