Утрински Весник
Свет

Децата родени во Херсон по 24. февруари ќе добијат руско државјанство

Сите деца родени во Херсонската област по 24. февруари, кога Русија ja започна т.н. специјална воена операција во Украина, автоматски ќе добијат руско државјанство, изјави денеска заменик-шефот на воено-цивилната управа на Херсонската област, Кирил Стремусов.

Тој изјави дека сирачињата кои живеат во регионот Херсон автоматски ќе добијат руско државјанство, пренесе ТАСС.

На 25. мај, рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет за поедноставување на правилата за добивање руско државјанство за граѓаните од регионите Запорожје и Херсон во Украина.

Можете да прочитате

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Бројот на издадени рецепти во САД за слабеење за деца зголемен за 300 пати во споредба со 2019 година

Бесент ги идентификуваше украинските напади врз Русија како една од причините за глобалните енергетски шокови