Утрински Весник
Македонија

Синдикатот на УКИМ на 30 јуни со мирен протест пред Влада

Сојузот на синдикати на вработените на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје преку соопштение информираше дека на 30 јуни од 19 часот ќе организира мирен протест пред Влада. Целта на протестот е да се изрази незадоволство од, како што наведува, „драматично влошената материјална состојбата на вработените на Универзитетот“.

„Платите на вработените на УКИМ се исклучително ниски и се неколкупати помали од платите на универзитетите во регионот. Никогаш во својата историја вработените на УКИМ не биле во потешка материјална состојба од денес“ – соопштија од Синдикатот на УКИМ.

Претходно, на 2 јуни одржаа предупредувачки протест пред Ректоратот на УКИМ. Таму побараа од Владата зголемување на платите.

Сојузот на синдикати на вработените на УКИМ ги повикува и граѓаните да им дадат поддршка на протестот пред Влада за да се обезбедат подобри услови и квалитет во високото образование.

Можете да прочитате

Левица: Студентите ќе ја тужат Јаневска, МОН мора да го покачи студентскиот оброк

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ЛИДЕМ: Свиревме против булингот, но институциите останаа глуви! Уште колку деца треба да страдаат за некој да реагира?!