Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно со мала до умерена облачност која ќе биде поголема во планинските региони

Денеска се очекува променливо облачно време со мала до умерена облачност која ќе биде поголема во планинските региони. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степени. УВ=8

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време. Кон крајот на работната недела ќе има услови за преодна нестабилност која ќе биде најизразена во петок и ќе биде проследена со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Во петок и особено во сабота ќе биде ветровито со засилен северен ветер.

Можете да прочитате

Какво време нè очекува денеска? Облаци, сончеви периоди и југозападен ветер

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

Со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч на ограничување од 80 – уапсен гостиварец