Утрински Весник
Спорт

Австралијците подобри пеналџии – одат на СП во Катар

Австралија патува на Светското првенство во Катар откако на пенали (5:4) ја доби драматична пресметка против Перу во плеј-оф дуелот што се одигра во Ал Рајан во Катар. Натпреварот заврши без голови, а мрежите мируваа и по продолженијата.

Австралијците беа посреќни при пеналите. Прв не реализира Мартин Бојл, фудбалерот на Австралија, но на крајот се радуваше со своите соиграчи.

За Перу пенали не реализираа Луис Адвинкула и Алекс Валера.

> Австралијците подобри пеналџии – одат на СП во Катар <

Можете да прочитате

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката

Шкендија и Вардар ремизираа – 24info.mk