Утрински Весник
Спорт

Бускет не сака да го продолжи договорот, по завршувањето на сезоната се сели во Мајами

Dik 300x250 mk

Престојната сезона 2022/23 ќе биде последна за Серхио Бускетс во дресот на Барселона.
Каталонските медиуми денеска потврдија дека Бускетс нема намера да потпише нов договор. Актуелниот договор му истекува на 30.јуни наредната година.

Планот на Бускетс е кариерата да ја продолжи во САД, во тимот на Дејвид Бекам, Интер од Мајами. Голема е веројатноста од наредната сезона, во Интер од Мајами да се преселат и неговите поранешни соиграчи, Лео Меси и Луис Суарез.

Бускетс е дете на Барса, дебитираше под водство на Пеп Гвардиола во 2008 година.

Исто така, Бускетс, по Светското првенство во Шпанија ќе стави крај на репрезентативната кариера.

Бускетс ги освои сите можни трофеи со Барса и Шпанија. Со Шпанија беше светски и европски првак, со Барселона три пати ја освои Лигата на шампиони, осум бил шампион на Шпанија.

За Барса одигра неверојатни 676 натпревари, за Шпанија 136.

> Бускет не сака да го продолжи договорот, по завршувањето на сезоната се сели во Мајами <

Можете да прочитате

Милевски повика 28 фудбалери за средбите со Летонија и со Велс

Победа со забрана за присуство на публика на четири домашни натпревари

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“