Утрински Весник
Магазин

Луис Хамилтон нема да се појави во Ф1 филмот со Бред Пит

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон во петокот изјави дека нема да се појави во филмот за Формула 1 со Бред Пит во главната улога, а кој тркачот на „Мерцедес“ го копродуцира.

„Епл ТВ“ минатата недела соопшти дека неговото студио ги добило правата за проектот што ќе го режира Џозеф Косински, режисерот на најновиот блокбастер „Топ ган: Маверик“.

Косински ќе го продуцира филмот заедно со тркачката легенда Хамилтон, „Плен Би ентертејмент“, Џери Брукхајмер и Чед Оман. Филмот сè уште нема официјален наслов.

„Тоа е навистина кул проект“, им рече Хамилтон на новинарите на Гранд-при Азербејџан во петокот.

„Веќе работиме на сценариото, и многу е забавно, поминуваме добро време со Бред што е прилично епско“, додаде поранешниот светски шампион.

Хамилтон (37), најуспешниот возач во историјата на Формула 1, има различни интереси надвор од спортот, вклучително и модата и музиката, па дури и го има во песна на Кристина Агилера.

Тој е исто така голем борец за човекови права, социјална правда, еднаквост и животна средина.

 

Можете да прочитате

Британец осуден на 20 месеци затвор за лажирање смрт на 30 кучиња за кои заработил околу 36.300 евра од осигурителните компании

Истражување: Засладувачот ксилитол го зголемува ризикот од мозочен, срцев удар и смрт

Богатите повеќе не купуваат само статус, туку здравје, време и долговечност