Утрински Весник
Свет

Нинисто: Финска не влегува во НАТО без Шведска

„Финска нема да влезе во НАТО без Шведска“, изјави финскиот претседател Саули Нинисто.

Тој говореше за време на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во неделата во Хелсинки.

„Велам дека и случајот со Шведска е наш. Тоа значи дека одиме рака под рака“, рекол Нинисто, пренесува „Раша тудеј“.

Генералниот секретар Столтенберг изјавил дека НАТО нема рок до кој би требало да ги прифати нордиските земји во своето членство.

Шведска и Финска минатиот месец поднесоа барање да се приклучат на Западната одбранбена алијанса како одговор на конфликтот во Украина.

Двете земји се соочија со противење од Турција, која ги обвини дека ги поддржуваат и засолнуваат курдските милитанти и другите групи кои ги смета за терористи, пишуваат медиумите.

Можете да прочитате

Почнаа подготовките за трилатералниот самит на Путин, Трамп и Си

Како и зошто метеоролозите им даваат човечки имиња на бурите?

Речиси 1.000 апсења низ цела Франција по судирите на демонстрантите со полицијата