Утрински Весник
Свет

Жена избрана за министер за надворешни работи, за прв пат во политичката историја на Северна Кореја

За прв пат во својата политичка историја, Северна Кореја именуваше жена за министер за надворешни работи.

Чое Сон Хуи е назначена за шефица на дипломатијата, јавуваат агенциите.

Според севернокорејските државни медиуми Чое Сон Хуи, поранешната заменик-министерка за надворешни работи, беше назначена за шефица на дипломатијата на состанокот на владејачката партија со кој претседаваше севернокорејскиот лидер Ким Џонг ун, јавуваат тамошните медиуми.

Можете да прочитате

Оружена пресметка на тајните служби во Киев: Пукале едни на други, има ранети

Путин: Украинските дронови оштетија околу сто руски бродови

Калас: Обидот за напад со дрон во Германија има карактеристики на државно спонзориран тероризам