Утрински Весник
Спорт

Украина убедливо ја победи Ерменија

Украина, ја забележа втората победа во Лигата на нации, прва на „домашен“ терен. Украинците како домаќини играт во Лоѓ, Полска. Во Групата 1, во Б-дивизијата во Лигата на нации, Украина со 3:0 ја победи Ерменија.

Украина, откако не успеа да се пласира на СП во Катар, ја најавува кандидатирата за пласман во А-дивизијата во Лигата на нации.

По победата над Република Ирска, Украинците славеа и против Ерменија. До триумфот избраниците на Олександар Петраков дојдоа во последните 30 минути.

Головите ги постигнаа Малиновски во 61. минута, Караваев во 77.и Миколенко, во 84. минута.



> Украина убедливо ја победи Ерменија <

Можете да прочитате

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера

Ѓоковиќ елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД