Утрински Весник
Спорт

Спектакуларен гол на мечот Андора-Лихтенштајн

Репрезентативецот на Андора, Хесус Рубио, синоќа против Лихтенштајн постигна спектакуларен гол, веројатно гол кој ќе ја обележи оваа сезона во Лигата на нации.

Во Д-дивизијата, во Групата 1, Андора го победи Лихтенштајн со 2:1. Рубио во 82.минута ја потврди победата на Андора. Топката по неговиот удар патуваше речиси 60 метри и ја погоди целта.

По три кола во оваа група, Андора и Молдавија имаат по четири бода, Лихтенштајн е на нула. Летонија е прва со девет бода.



> Спектакуларен гол на мечот Андора-Лихтенштајн <

Можете да прочитате

Шкендија и Вардар ремизираа – 24info.mk

Азија ја поддржи кандидатурата на Инфантино

Серген Јалчин е нов селектор на Турција – потпиша договор на четири години