Утрински Весник
Македонија

Двајца малолетници одзеле над пет илјади евра од скопски обложувалници

Скопската полиција поднесе кривична пријава против двајца малолетници од Скопје, поради сомнение за сторени пет кривични дела разбојништво.

Како што информираат од МВР, пријавените во периодот од 7. април до 27. мај годинава со закана извршиле пет кривични дела разбојништво во спортски обложувалници на подрачјето на Скопје.

Притоа се стекнале со противправна имотна корист од 329.097 денари (5.370 евра).

Можете да прочитате

Мицкоски: Македонија мора да застане исправено, за иднината на генерациите

Тошковски објави дека добил опомена од „Сејф сити“ – возел со брзина од 51 километар на час наместо со 50

Апсење ноќеска во Аеродром: Маж присилувал скопјанка на секс, ја снимал па уценувал