Утрински Весник
Свет

ЕУ обезбеди дополнителни 205 милиони евра за хуманитарна помош за Украина

ЕУ денеска издвои уште 205 милиони евра наменети за хуманитарна помош за Украина, со што вкупниот износ на досега издвоените европски средства за храна, вода, здравствена заштита и сместување на Украинците погодени од војната се искачи на 700 милиони евра.

Европската комисија соопшти дека преку досега најголемата мобилизација на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, сите 27 земји членки, како и Турција, Норвешка и С. Македонија, за Украина обезбедиле повеќе од 38.000 тони помош во вредност од 373 милиони евра, вклучително и комплети за прва помош, храна, заштитна облека, но и противпожарна опрема, камиони, мобилни болници и енергенси.

ЕУ, исто така, формира центри за хуманитарна помош во Полска, Романија и Словачка за побрзо доставување на помошта, како и две складишта за хуманитарна опрема во самата Украина.

Можете да прочитате

Либанскиот премиер ја повика армијата да го стави целото оружје во земјата под владина контрола

НАСА планира да изгради нуклеарен реактор на Месечината

Речиси 30.000 дезертери доброволно се вратија да служат во украинската армија по сила на законот за амнестија