Утрински Весник
Магазин

„Тајм 100“ гала: Зендаја олицетворение на гламур

Зендаја, Ендру Гарфилд, Џереми Стронг и Аманда Сејфрид беа само некои од ѕвездите што се појавија на годишната гала вечера на списанието „Тајм“ во средата.

Актерите се фотографираа на црвениот тепих во Линколн центарот, насмеани пред камерите откако беа препознаени како едни од највлијателните луѓе во 2022 година.

Зендаја е геометриска божица во тробоен фустан на свечената гала посветена на познати личности.

Аманда Сејфрид изгледа волшебно во асиметрична креација на настанот во Њујорк во средата вечерта.

Двете се најдоа на нсловните страници на американските таблоиди ден подоцна.

На листата „Тајм 100“ е и Ендру Гарфилд, кого режисерот Мартин Скорсезе го нарече „извонреден уметник, еден од великаните на својата генерација“, додека Зендаја беше пофалена како „автономна креативна сила и културна икона во создавање“ од режисерот на „Дина“, Денис Вилнев.

Уште една личност се најде на посакуваната листа –  Пит Дејвидсон, кого Џек Харлоу го пофали во профилот на списанието. „Привлечноста на Пит е поврзана со неговата автентичност“, рече музичарот. „Тој не се обидува да ја скрие својата личност, она што всушност е.“

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста