Утрински Весник
Македонија

Петкоска: Парламентарното мнозинство да го изгласа Предлог законот за трговија

Предлог законот за трговија односно законот познат како недела неработен ден кој ние како Пратеничка група го поднесовме, а владеачкото мнозинство го измени и го претставува како нивен закон, никако да се изгласа. Имено, ги помина сите собраниски процедури и треба само да биде изгласан, изјави Лидија Петкоска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ.

Предлог законот предвидува туристичките места да можат да работат во недела и за време на државни празници.

Таа додаде дека останува нејасно кои точно места се сметаат за туристички согласно Законот за туристичка дејност бидејќи во законот поимот „туристичко мето“ е премногу општо дефиниран и според него буквално секое место во државата може да се смета за туристичко.

Предлог законот ги помина собраниските процедури на 25мај, што значи дека туризмот и туристичките места ги трпат последиците од недоговорното парламентарно мнозинство кое ако беше навистина загрижено за туризмот и туристичкиот развој овој закон досега ќе беше изгласан и ставен во сила.

Сакаме да потсетиме дека туристичката сезона е веќе започната и дека не смее да се прават дополнителни одложувања на носењето на овој важен закон. Последици трпат сите туристички места, туристите и секако државата.

Апелираме до парламентарното мнозинсво сериозно да пристапи кон овој закон бидејчи и тие самите го поддржуваат и заедно да го изгласаме за колку толку остатокот од туристичка сезона да биде спасен, изјави Петкоска.

Можете да прочитате

(Фото) Камион вечерва гори на автопатот Скопје – Тетово

(Фото) Камион вечерва гори на автопатот Скопје – Тетово

Локализирани поголем дел од пожарите во Куманово и Старо Нагоричане