Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Пресудата за одземање на штабовите е диктирана од СДСМ и е дефокус од поскапувањата и грабежот на народот

Пресудата за случајот Талир е диктирана во СДСМ, и тоа од седиштето кое е нелегално присвоено како поранешен објект на МОН. Ова го прават не затоа што се силни туку затоа што се слаби и знаат дека народот не ги сака и рејтингот на СДСМ тоне.ВМРО ДПМНЕ не се објектите, туку народот. Пресудата на Талир е дефокус од животот во национална катастрофа, поскапувања и грабеж кој се прави на народот. Обвинителството и судот се продолжена рака на СДСМ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека пресудата во случајот Талир 2 е предвреме напишана. Истата е обзнанена неполни 24 часа по завршните зборови. Кога судијката најде време да ги анализира завршните зборови, и кога најде време да ја напише пресудата.

За разлика од имотот на ВМРО-ДПМНЕ, кој е стекнат легално, СДСМ има узурпирано имот на МОН.

СДСМ е единствена партија во светот која за партиско седиште има зграда на Министерство за образование.

Партиското седиште на СДСМ наместо студентски дом како за студентите на Медицинскиот факултет сега е седиште на најкриминалната партија.

СДСМ треба да каже како го стекнале своето седиште кое е симбол на луксуз?

Институциите треба да го истражат случајот како државна зграда станала партиски штаб.

Премногу е, протест за промени на 18 јуни во 20 часот пред влада, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Лефков: Предлозите на СДС за затворени седници се несериозни со цел да се оттргне вниманието од нивната неспособност

Делегацијата на ЕУ ја нагласува важноста од спроведување на Охридскиот договор

Совет на Европа: Македонците во Бугарија не можат да ги уживаат индивидуалните малцински права