Утрински Весник
Македонија

Во Германија приведен македонски државјанин баран со меѓународна потерница

31-годишен македонски државјанин, со иницијали В. К., вчера бил лишен од слобода во Германија, информираат од МВР.

Од таму објаснуваат дека тој бил баран со меѓународна потерница, а бил осуден на пет години затвор за сторено кривично дело разбојништво, сторено во 2013 година.

„Апсењето на В. К. е резултат на успешната соработка на полициите на Сојузна Република Германија и Република Северна Македонија, благодарение на која досега се приведени повеќе криминалци, а е помогната и поддржана од регионалниот проект на ЕУ – ‘Сузбивање сериозен криминал во Западен Балкан ИПА 2019’“, соопштија од МВР.

Можете да прочитате

Утре од 20 часот пред Борис Трајковски собир за последен поздрав кон Владо Јаневски

Собранието итно закажа седница по најавата на СДСМ за блокада на Изборниот законик

ВЛЕН: Аферата со канализацијата во Зајас добива нова димензија, дали трагата води до снаата на Али Ахмети?