Утрински Весник
Македонија

Во Струмичко пронјдено тело на насилно усмртен маж

Дежурен јавен обвинител од струмичкото Основното јавно извршил увид во местото викано Ореш, во атарот на струмичко Ново Село, каде ноќеска било пронајдено безживотно тело на починато машко лице.

Како што информираат од обвинителството, според првичните сознанија, кај лицето настапила насилна смрт.

По наредба на јавниот обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција со цел да се утврдат точните причини за смртта.

Од самото место се прибрани траги и материјални докази за кои е издадена наредба за вештачење, а се преземаат и други дејствија за откривање на сторителите.​

Можете да прочитате

Патриотизмот не е парола, туку одговорност

СТАНОВИТЕ СТАНАА ЛУКСУЗ: Скопје поскапува, а во Европа квадрат чини и над 22.000 евра

ЛДП: На кој Мицкоски да му веруваме — на оној од април или на оној од август?