Утрински Весник
Македонија

Скопјанец ја силувал малолетната ќерка на неговата сопруга

Четириесет и тригодишен скопјанец е приведен во полицијата поради постоење поради обљуба врз малолетната ќерка на неговата сопруга.

„На 06.06.2022 во 04.30 часот од полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје е лишен од слобода С.Б.(43) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека извршил обљуба врз малолетната ќерка на неговата сопруга“, информираа од МВР.

За случајот е известен социјален работник и по негово целосно документирање против С.Б. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

Во среда ќе биде погребан Владо Јаневски

Османи: Европскиот глас на Албанците во Владата е претворен во ништо, а тоа ништо се вика ВЛЕН