Утрински Весник
Свет
Img 7972

Шест случаи на мајмунски сипаници во Словенија

Dik 300x250 mk

Досега во Словенија се потврдени шест случаи на инфекција со мајмунски сипаници, а сите пациенти имаат благи симптоми, пренесуваат словенечките медиуми.

Националниот институт за јавно здравје издаде упатства за однесување и третман на пациентите што се на домашна нега.

На пациентите им се препорачува да останат дома и да се изолираат од другите луѓе, да внимаваат при одржувањето на личната хигиена и хигиената на алиштата, како и да ги информираат сите со кои биле во контакт за болеста, пренесува СТА.

Симптомите обично исчезнуваат по две до четири недели и, генерално, не се фатални. Исто така, се наведува дека ризикот од инфекција за општата популација е низок.

Првиот случај на мајмунски сипаници во Словенија е регистриран на 24 мај кај маж што допатувал од Канарските Острови.

Светската здравствена организација (СЗО) досега потврдила 780 случаи на мајмунски сипаници во 27 земји, а се верува дека оваа бројка ќе се зголеми.

Можете да прочитате

Израел ќе го отвори граничниот премин Рафах и ги откажа планираните акции против Хамас

3,9 милиони долари за ЛБГТ проекти во Западен Балкан: Спикерот Џонсон објави што бараат демократите за да ја одблокираат владата на САД

Земјотрес со средна јачина ја стресе Турција