Утрински Весник
Спорт

Гави влезе во историјата на шпанскиот фудбал

Шпанските фудбалери ремизираа со Чешка 2:2, во второто коло од А-дивизијата на Лигата на нации. Чесите два пати водеа, Шпанија два пати се враќаше, најпрвин со голот на Гави, а потоа и со голот на Мартинез во 90.минута.

Гави, постигна гол во третата минута од судиското надополнување на времето и со тоа влезе во историјата на шпанскиот фудбал. Играчот на Барселона стана најмладиот стрелец за шпанската репрезентација во историјата.

Својот деби гол за репрезентацијата Гави го постигна на возраст од 17 години и 304 дена, таков подвиг нема направено никој помлад од него.

> Гави влезе во историјата на шпанскиот фудбал <

Можете да прочитате

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката

Шкендија и Вардар ремизираа – 24info.mk

Азија ја поддржи кандидатурата на Инфантино