Утрински Весник
Спорт

Клоп во Челси ја најде замената за Садио Мане

Садио Мане се подготвува да го напушти Ливерпул. Сенегалецот влезе во последната година од договорот со „црвените“, нема намера да ја продолжи соработката, поради што клубот ќе мора да го продаде. Медиумите шпекулираат дека замената за Мане ќе пристигне до Челси.

Кристијан Фалк, новинар на „Билд“, кој е фокусиран на Баварците пренесува вест за интересот на „црвените“ за услугите на играчот на Челзи, Кристијан Пулишиќ.

Американецот соработуваше со Јирген Клоп во Дортмунд. Засега не се познати повеќе детали за трансферот на крилниот напаѓач кој на 38 натпревари оваа сезона постигна осум гола и подели пет асистенции.

Фалк ни носи повеќе информации кога е во прашање трансферот на Мане во Баерн. Двете страни преговараат околу обесштетувањето. Тимот од Минхен нуди меѓу 30 и 40, а Ливерпул бара 50 милиони евра.

Доколку дојде до трансферот, Мане ќе потпише тригодишен договор со годишна бруто плата од 20 милиони евра по сезона. Покрај шампионот во Бундеслигата, за играчот се заинтересирани и ПСЖ, Барселона и Реал.

> Клоп во Челси ја најде замената за Садио Мане <

Можете да прочитате

ПМФЛ: Силекс ја „растури“ Струга, Вардар поразен од Беса

Уште еден рекорд на Лука Модриќ – го надмина и Пушкаш

Маркез од очај до блесок до триумф во Австралија!