Утрински Весник
Свет

Доњецк остана без ТВ сигнал по украинскиот бомбашки напад

Телевизискиот сигнал е недостапен за граѓаните на Доњецк поради вечерашното украинско бомбардирање, изјави заменик генералниот директор на Јавниот радио-телевизиски центар Александар Чеботарјев.

„Во моментов, терестријалниот ТВ сигнал е недостапен во сите области на Доњецк. Нападот на областа Петровски во близина на ТВ кулата е причината“, изјави Чеботарјев за ТАСС.

Не се знае кога сигналот повторно ќе биде достапен.

Можете да прочитате

ЕУ сè уште зависи од руските енергетски извори

Почнаа подготовките за трилатералниот самит на Путин, Трамп и Си

Како и зошто метеоролозите им даваат човечки имиња на бурите?