Утрински Весник
Свет

Путин: Русија гарантира непречен премин за извоз на жито од Украина

„Русија гарантира непречен премин на бродовите што превезуваат украинско жито и може да обезбеди негов извоз преку пристаништата што ги контролира, како Бердјанск и Мариупол“, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Тој рече дека Русија не го попречува извозот на житарки од Украина и дека тоа може да се направи преку црноморските пристаништа и соседните земји.

Рускиот претседател изјави дека извозот на жито од Украина е можен од пристаништето Одеса под контрола на Киев, кога Украина ги „чисти водите од мини“.

Можете да прочитате

Два брзи воза се судрија во Шпанија, над 50 загинати

Руски медиуми: Хеликоптер на германското воздухопловство леташе во близина на руската граница

АфД бара радикално прекројување на ЕУ, во спротивно најавува референдум за излез на Германија