Утрински Весник
Свет

САД и нивните сојузници бараат рамка за ставање крај на војната во Украина

Американските функционери редовно се состануваат со нивните британски и европски колеги во последните недели за да разговараат за потенцијалните рамки за прекин на огнот и завршување на војната во Украина преку договор, изјавија за Си-Ен-Ен неколку извори запознаени со разговорите.

Украина не е директно вклучена во тие дискусии, и покрај посветеноста на САД „ништо за Украина без Украина“, според Си-Ен-Ен.

Како што се наведува, меѓу темите на средбите на американските претставници со британските и европските колеги е рамката на договорот од четири точки што Италија го предложи на крајот на мај.

Можете да прочитате

Украински напад врз руски Белгород: Двајца мртви, 16 повредени

Лавров: Активностите на НАТО на Арктикот се директна закана за безбедноста на Русија

Армијата на САД нападна воени цели на ирански остров