Утрински Весник
Македонија

(Видео) Мицкоски до Владата: Оставете го инаетот, прифатете ги нашите предлози за ДДВ и за горивата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ предлага законски измени за повластена стапка на ДДВ-то за горивата и храната, но владата се инаети и не ги прифаќа бидејќи истиот е предложен од ВМРО-ДПМНЕ.

„ Имаме ценовен шок, растат цените на горивата, ние предлагаме, но за жал повторно од владата тоа е одбиено да се продолжи мерката која што претходно ја предложивме да ја имаме повластена стапка на ДДВ из а горивата и за прехранбените производи и за производите кои што важеше до сега. Но, биејќи тоа ВМРО-ДПМНЕ го предлага, а на владата не и текна, еве ќе видите дека тие ќе се инаетат и ќе речат нема тоа да го прифатиме, зошто? Затоа што ВМРОД-ПМНЕ тоа го предлага, и само поради тоа граѓаните ќе плаќаат повисоки сметки, ќе имаат понизок стандард и помалку пари, вели Мицкоски.

Тој побара од владата да го остави инаетот на страна и да не покажуваат сила и мускули бидејќи така само граѓаните губат.

„ Ние имаме работа влада која што не само што нема визија туку не знае ниту политика. Тоа е најголемиот проблем, они мислат дека ако се инаетат така ќе покажат мускули и сила. Но така губат граѓаните, смета тој.

„ Нека го поддржи владата овој закон за повластена стапка на артиклите, на горивата, еве нека биде владата предлагач, не мора ВМРО-ДПМНЕ, апелирам овде од Битола, ама доста се инаетете, со инает ништо не се постигнува бидејќи граѓаните губат, порача Мицкоски.

Можете да прочитате

Расчистени одроните од карпи и паднатото дрво на автопатот Скопје-Велес

Трибините – огледало на политиката

ВМРО-ДПМНЕ за Таравари: Кога ДУИ те фали, знаеш дека нешто крупно е згрешено