Утрински Весник
Свет

Подољак: Нема да користиме американско оружје за да ја нападнеме Русија

Советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак на Твитер напиша дека Украина нема намера да користи американско оружје за напад на руска територија и додаде дека Русија по тоа прашање изнесува лажни обвинувања.

„Денес задача број еден на Русија е да ја поткопа довербата меѓу Украина и САД. Нашите партнери знаат каде се користи нивното оружје“, напиша Подољак на Твитер, пренесува Гардијан.

Украина води одбранбена војна и не планира да користи системи за лансирање ракети.

Можете да прочитате

ЕУ сè уште зависи од руските енергетски извори

Почнаа подготовките за трилатералниот самит на Путин, Трамп и Си

Како и зошто метеоролозите им даваат човечки имиња на бурите?